Видео:Терорист, а параолимпсики победник – освои злато


 

Себастијан Родригез 55 годишен шпанскиот пливач освои злато на ПАРА Олимписките игри во Лондон. Неговата животна приказна воопшто не е за пример. Тој бил терорист, убиец, лежел во затвор.

Родригез бил член на организацијата Грапо, група која во Европската Унија се води како терористичка организација.

Во 1984 година Родригез заедно со членовите од групата го убил бизнисменот Рафаел Падур. Осуден бил на 84 години затвор, а и во затворот правел проблеми. Инвалид станал поради штрајк со глад.

штрајкувал 400 дена, а барал сите негови другари од Грапо кој се во затвор да ги сместат заедно. Иако се обидувале присилно да го хранат, на крајот од недостатокот на храна изгубил секакво чуство во нозете.

поради тоа што станал инвалид во `94 го пуштиле, а потоа одненадеш се појавил на Параолимписките игри во Сиднеј. Таму освоил 5 златни медали, но излажал дека нозете ги загубил во сообраќајна несреќа, не кажал дека самиот си го сторил тоа поради гладувањето во затвор. Но иако оваа информација се дозна, медалите не му беа одземени.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1