Владимир Франц, е човек кој е тетовиран од глава до пета, има пирсови и е ексцентричен – но упорно собира потписи да се кандидира на наредните избори за претседател на Чешка.
Има 53 години и е вистински пример зошто луѓето не треба да ги судиме по изгледот. Франц е професор по драма на најпрестижниот универзитет во Прага, многу познат и талентиран сликар и успешен композитор на опери.
Има и диплома за правник и докторат од областа на правните науки. Се откажал од успешната адвокатска кариера за време на комунистичкиот режим во земјата. Потоа завршил уметничка академија и е многу популарен меѓу младите.