Луѓе плаќаат да ги брка полиција!


Темница, непристапен терен, неизвесност, страв, – какво е чувството да си имигрант во бегство пред граничната полиција.

Некогаш ова беше „привилегија“ само за мексиканските илегалци, но сега е адреналин достапен за секој што има 20 долари в џеб. Ел Алберто, градче во Мексико нуди тематски парк во кој туристите плаќаат за да си играат брканица со лажни американски полицајци.

Во последниве осум години паркот го посетиле туристи од целиот свет, 3.000 хектари им се на располагање за бегство. Турата почнува со предупредување дека на патот до „слободата“ ги очекуваат секакви пречки, од отровни растенија, кактуси, пајаци и змии, па се до немилосрдни погранични полицајци кои пукаат со ќорци.

Ел Алберто е оддалечен околу 650 километри од границата со САД. Ваквата туристичка атракција е излез од економска мизерија за ова гратче, но организаторите потсетуваат на уште еден аспект, подигнување на јавната свест за голготата низ која минуваат мексиканските илегалци.

Tags: , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1