Талија Кастелано која се бори со ракот веќе 5 години својата ужасна приказна ја претворила во инспирација за илјадници млади девојки кој ги пратат нејзините неделни туторијали за шминкање.
Девојката боледува од две врсти канцер – тумор кој се развива од нервното ткиво кој се развива кај децата и со него се бори од 2007, а неодамна и е дијагностицирана и леукемија.
,, кога ќе се нашминкам се чуствувам убаво и мислам дека тогаш луѓето гледаат во мојата шминка а не во ќелавата глава,, вели Талија која додава дека мрзи перики.
Покрај напорниот третман за лекување, хемотерапии, трансплантации на матични клетки и трансфузија на крв таа редовно ги учи своите гледачи како да ги совладаат техниките на шминкање.