Видео: Трогателна средба на мајка и пациент кој го добил срцето на нејзиниот починат син


-Тоа е Кејлеб! Тоа навистина е тој! – извикала мајката слушајќи ги отчукувањата на срцето.

Семејството Бивер било страшно потресено кога одненадеж го изгубило своето 16 годишно дете. Момчето сонувало дека еден ден кога ќе порасне ќе стане доктор и дека ќе спасува туѓи животи, па затоа родителите одлучиле да ја исполнат неговата желба, да ги донираат неговите органи. Погледнете го видеото на кое е снимена средбата на мајката и пациентот кој го доби срцето од нејзиниот син.

Кога Ејприл и Овен Бивер во април ненадејно го изгубиле својот 16 годишен син Кејлеб не ни помислувале дека повторно ќе го слушнат биењето на неговото срце.

Родителите не знаеле дека нивното дете е болно, се до декември минатата година кога изненадно се разболел за време на едно патување.

Неправилна врска помеѓу артеријата и вената предизвикала пореметување во протокот на крв. 16 годишното момче доживеало 2 мозочни удари по кои западнало во кома, за време на Божиќната вечер, од која никогаш не се разбудило, а лекарите утврдиле мозочна смрт. Несреќните родители на тинејџерот кој сонувал да стане лекар одлучиле да ги донираат неговите органи. Срцето на момчето го добил Чарлс Шелтон, психијатар од кентаки, кој им напишал писмо на родителите и ги замолил да ги запознае. Средбата полна со емоции се случила на аеродромот во Мисисипи каде семејството Бивер се сретна со Чарлс, неговта сопруга Ејми и нивните два сина.

-Тоа е Кејлеб! Тоа навистина е тој! – извикала мајката слушајќи ги отчукувањата на срцето.

Ниедно око не остана суво, дури и обезбедувањето на аеродромот се расплака за време на средбата, коментиреет тамошните медиуми.

 

Tags: , , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1