Од декември во Австралија сите кутии цигари ќе се унифицирани. Нема да се разликуваат кутиите. Сите ќе се во зеленкаста боја со ,,одвратни фотографии,, на нив, а производителот смее да го стави само своето лого и тоа по однапред утврдена големина и изглед.
Оваа одлука ја донесе Уставниот суд на Австралија, а според главната обвинителка Никола Роксон
,, тутунската индустрија треба да престане да се обидува да ги сопре овие промени на меѓународно ниво и да ја фокусира енергијата да направи промени,, изјави Роксон.
British American Tobacco и Philip Morris го оспорија пред суд овој закон бидејќи без препознатливите кутии цигари за одреден производител ќе се намали нивниот профит и сметаат дека така ќе се појават лажни производи на пазарот.
Роксон сега им порача дека ќе мора да си ги платат и судските трошоци кои се во милионски износ.
Донесување сличен закон разгледуваат во Нов Зеланд, Индија, Велика Британија и дел од американските држави.