Видео: ,,Златниот коктел,, со кој славеа олимпијците го направи Македонецот Саша


Коктелот е направен со кралски коњак ,,Hennessy Paradis Imperial Cognac,, и со шампањ ,,Luxur Brut ,, со 24 каратни златни листови. На дното на чашата има рачно направен сет од 18 каратни златни прстени, направени во познатата златара Hirsh.

Олимпијците посебно добитниците на златен медал го прославија својот успех со чашка алкохол. Некои дури и претераа во славењето, но едно е сигурно сите добро се забавуваа.

Централно место за прослава беше клубот ,,Chinawhite” каде менаџер е Сашко Стојчевски – бармен од Скопје.

Тој и е креатор на ,,олимпискиот златен коктел,, кој добитниците на златен медал го добиваа бесплатно, а чинеше 2.012 фунти. Ве информираме накусо за коктелот и за неговиот творец Саша, а во подготовка е ексклузивно интервју кое ќе биде објавено во текот на утрешниот ден.

Рајан Лохте петте медали ги прослави токму со ваков коктел. Пливачот од Јужна Африка, Чад Ле Клос кој успеа да го победи и Фелпс и да му го земе златниот медал во трката на 200 метри пеперутка исто така славеше со овој коктел.

На фотографијата е со Саша кој специјално за златниот медал му го подгптви овој луксузен коктел.

Коктелот е направен со кралски коњак ,,Hennessy Paradis Imperial Cognac,, и со шампањ ,,Luxur Brut ,, со 24 каратни златни листови. На дното на чашата има рачно направен сет од 18 каратни златни прстени, направени од познатиот златар Hirsh.

Саша беше гостин и на неколку познати ТВ емисии во Британија – еве дел од нив – (снимките се аматерски)

 


Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1