Двајца жители на Катланово се осомничени дека сториле серија тешки кражби од викенд куќи.
Кражбите ги извршиле од средината на октомври минатата година до почетокот на март годинава на подрачје на Гази Баба, во атарот на село Катланово и тоа осум на место викано „Стари Лозја“ и една на место викано „Фазанерија“.
МВР апелира до сите граѓани кои во споменатиот период биле жртви на кражби, детално да го погледнат видеото и доколку некој од покажаните предмети го препознаат или се сомневаат дека е нивна сопственост да се обратат во СВР Скопје.