Видовитите видоа – во 2013 идат марсовци, 3 светска војна, атентати


Српскиот весник „Трето око“ за своето специјално издание објави предвидувања на 20 видовити лица кои прогнозираат што не чека во 2013.

Видовитите квелат дека „четворицата јавачи на апокалипсата“ веќе „чекирале билети“ за Германија, САД, Кина, Русија и Британија, а „за подароци носат глад, беда, болест и земјотерси“. Србија ќе се спасела.

Визионерот од Рожај,  гледа во 2013 година многу студени денови, земјотреси, урагани, но и посета на вонземјани.

Видовитиот Никола Стојановиќ најавува судири на големите сили, како и атентат врз водечките луѓе на светските сили, како Обама, Путин и Ангела Меркел.

Дејан Лучиќ кој се рекламира како „човекот кој знае се“, ја предвидува смртта на Обама. Според него Обама ќе биде отруен во авион уште оваа пролет – ќе го убијат оние кои го чуваат, а ќе го наследи Џо Бајден кој е „роднина по мајчина линија со тие кои ќе ја сковаат заверата“.

Драган Ѓинѓиќ Станковиќ „видел“ дека многумина во Србија „немирно ќе спијат поради немирите во Косово“, предвидувајќи дури можност за „косовска бура“ по пример на книнската и тоа кон средината на наредната година. Вели дека тоа што ја чека Србија е ништо во однос на она што ќе им се случи на други земји во светот.

Лав Гершман е повеќе оптимист. Според него сирискиот конфликт ќе заврши, а арапскиот бунт се ближи кон крајот, единствено на САД црно му се пишува. Урагани, временски непогоди, многу пари за обновување на урнатото, што овој видовит вели дека е добро, зошто ќе немаат пари да започнуваат нови војни.

Шаманот Јарослав Казимиров пак очекува поголем оптимизмот во светот, добра година за земјоделстовото, рибарите и поморците.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1