Утре и задутре од 07 до 17 часот ќе има времен сообраќаен режин на дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, на потегот од крстосницата со булевар 8-ми Септември до крстосницата со улица Московска.
Времениот режим е поставен поради изведба на градежни активности – попречни прекопи за поставување на подземна инсталација.
Град Скопје апелира сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.