Виното како алтернативната медицина – Примена во лекувањето


Поради алкохолот во виното, лекувањето не смее да се применува на деца. Истото важи и при мешањето на вината.

За да се подготви медицински пијалок, секогаш треба да се користи доброблагородно вино, како што е rebula, rizling и слично. Најчесто при лечењето се користат белите вина со лековити билки. Лековитите тревки се оставаат во виното да опстојат 30 дена на ладно место, со привремено мешање на содржината.
Некои од истражувањата покажале дека виното само по себе, благотворно делува на здравјето на човекот. Имено состојките на црвеното вино, кое е познато по антиоксидансите, го инхибираат растот на крвните садови, поврзани со очните болести, како што се сенилната макуларна дегенерација и дијабетичната ретинопатија.

Ресвератролот е супстанција која се јавува во црвеното вино како резултат на еден одбранбен механизам, кој се активира по нападот на мувла. Овој податок е важен затоа што покажува дека нивото на ресвератрол во грозјето, директно зависи од годината во која виното созреало. Доколку годината била влажна, виното ќе биде богато со оваа лековита состојка.

Виното не треба да се користи како медицински третман на деца и малолетници, но тоа не значи дека и постарите луѓе треба да го одбегнуваат.
Доколку пието соодветно, во умерени количини, виното може да делува против Алцхајмеровата болест, остеопороза и срцеви заболувања. Виното исто така го зајакнува црниот дроб и го спречува создавањето на камења во бубрезите. Виното е добро и за варењето, а помага во настинките и го освежува тенот.

Разликата меѓу црвеното и белото вино за третман

Неодамнешните студии спроведени на некои од вината, откриваат дека и двата типа влијаат по здравјето на човекот. Црвеното вино во себе содржи важни полифеноли, додека белото вино пак содржи антиоксиданти.

Виното е природен лек за крвта

Виното делува како заштита на крвните садови, особено кај луѓето кои се склони на стеснување на крвните садови и тромбоза. Редовното и умерено пиење на виното може да придонесе до подобрување, односно да делува превентивно.
Препораката за лечењето со црвено вино: Пред спиење е пожелно три-четири голтки. Количината која што треба да се конзумира дневно е 3 децилитри за мажи и 2 децилитри за жени.
Виното помага кај луѓето кои имаат дефект во протокот на крвта или имаат сиромашна артериска прооднос. Црвеното вино е добро за ширење на крвните садови, со кои се потпомага протокот на крвта низ целото тело.

Исто така црвеното вино е добро за анемија. Слабокрвноста може да се спречи со пиење на црвено вино, повторно напоменуваме во ограничени количини. Виното го лечи и холестеролот.
Црвеното вино има посилен ефект врз намалувањето на холестеролот за разлика од белото. Затоа е многу попогодно за лекување на кардиоваскуларните болести. Доколку не сакате да пието црвено вино, или едноставно не можете да издржите, едноставно напијте се бело вино.

Tags: ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1