Висите на Твитер и Фејс – може да заработите од тоа – овој човек годишно има 500.000 долари


Крис Санчез не ни насетил дека Твитер ќе го промени неговиот живот за многу кратко време, но тоа се случило и Крис живее живот каков многумина би посакале.

Ако барем извесно време сте го проучувале Твитер веројатно сте наишле на профилот „Uberfacts“. На овој профил се објавуваат многу интересни факти на сексакви теми.tviter zarabotka

Профилот има преку 9,4 милиони следбеници со преку 81.000 твитови и многу добри приходи.

Крис за „Бизнис инсајдер“ истакнал дека го покренал овој профил на Твитер бидејќи сакал да ја следи Бритни Спирс како нејзин голем фан. Откако го отворил профилот сфатл дека нема многу работи  да е објавуваат па решил да споделува разни факти кои му биле интересни, а во 2011 година одлучил на секои 15 минути да објави по еден факт.

Само година подоцна неговиот профил станала популарен со преку 200.000 следвеници меѓу кои се нашле и ѕвезди како Пaрис Хилтон и Клое Кардашијан, што му помогнало во понатамошна негова промоција а тоа му ги донело првите приходи.

– Не можев да верувам дека добивам чекови на 600 и 800 долари неделно за да објавувам линкови – истакнал Крис кој сега заработува околу 500.000 долари годишно, има вработнео неколку луѓе и неодамна покрена мобилна апликација на која ќе заработува дополнителни 60.000 неделно.

Од Твитер „Uberfacts“ се прошири и на Фејсбук и Инстаграм кад еима прилично голем број следбеници и што сигурно ќе му обезбеди дополнителни приходи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1