Вистинска слика за љубовта


Еден пар од Кина конечно ја направи својата венчална фотографија по дури девет децении брак. Ву Конган кој сега има 101 година и сопругата Ву Сонгши со наполнети 103 години се венчале пред 88 години, време кога техниката не била развиена, а во Кина било многу тешко да се најде фотоапарат.

Кинеските фотограви неодамна се здружија со цел да им овозможат задоволство на старите парови како овој конечно да си ја добијат својата венчална фотографија. Сликата на која младоженецот носи бело одело, а младата невестински фустан и бидернаер, го обиколи цел свет преку интернет и ја погледнале милиони луѓе.

„Младенците“ биле воодушевени што конечно си ја добиле својата слика на љубовта, па макар тоа било и по само 88 години подоцна, но посебно им се допаднало тоа што веднаш после фотографирањето можеле да ја видат сликата на дисплејот од фотоапаратот и можеле да бираат која најмногу им се допаѓа.

По сликањето, нивните сограѓани од Нанчонг им направиле голема журка како изненадување, затоа што нивната венчавка во 1924 година била премногу скромна.

 

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1