Вистински олимписки херој – со скршена нога Мичел ја истрчал штафетата – не сакал да ги изневери колегите – Фото


Звучи неверојатно но светот навистина има нов олимписки херој. Американецот Мантео Мичел го истрчал својот дел од штафетата 4X400 метри со скршена нога.

“штом истрчав 200 метара, осетив дека пукна. Не сакав да ги изневерам другарите од екипата, па само продолжив да трчам”, изјавил, Мантео Мичел кој е несомнено еден од најголемите херои на оваа олимпјада.

Својот дел од штафетата го завршил за 46.1 секунда

Овој 25 годишен спринтер од Cullowhee, веднаш бил пренесен на лекар по трката. Констатирано е дека комплетно му се скршила фибулата, но очекуваат коската да зарасне за 4 до 6 недели.

Овој храбар спортист изјавил дека не смеел да дозволи неговите колеги да губат поради него и цело време во глава му се вртело само едно ,, верба, фокус, финиш, верба, фокус, финиш,,

Тоа е духот на олимпијадата – тоа е тимскиот дух – Мичел е херој на оваа олимпијада.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1