За влакно избегната авионска несреќа на аеродромот во Скопје


Авионот “ер трактор” кој учествувал во гаснењето на пожарот кај ОКТА на скопскиот аеродром “Александар Велики” слетал буквално на стомак бидејќи пилотот заборавил да ги спушти тркалата, пишува Вечер.

Авионот слетал околу 16 часот по неколку часовно летање и гаснење на пожари на неколку места. Пилотот требало да ја заврши смената кога избил пожарот кај ОКТА и тој е веднаш пратен да помогне при гаснење и на тој пожар. враќањето во базата  му бил последен лет на пилотот. Нјаверојатно од премор Пилотот кој е инаку искусен, заборавил да ги спушти тркалата и слетал на стомакот на авионот. Според очевидците со кои разговарале новинарите на Вечер, пилотот имал совршено слетување поради кое најверојатно е избегната и поголема катастрофа. Пилотот видно потресен излегол од авионот без гребаница.

Пилотот минал без повреди, но авионот за гаснење пожар е оштетен и е вон употреба.

Инцидентот за Вечер го потврдиле и од Дирекцијата за заштита и спасување.

Освен што пилотот заборавил да ги спушти тркалата, ниту еден од персоналот на земја не го предупредил.

На пистата веднаш притрчале и механичарите од Дирекцијата за заштита и спасување кои со дигалка го подигнале авионот, ги извадиле тркала, и го истуркале во хангарот каде стојат “тракторите”.
Од ДЗС информираат дека она што може да се види со голо око е дека се оштетени лајсните на пловките од “ер тракторот”, и штетата не е голема. Повикан бил за секој случај и сервисер од производителот од Шпанија кој детално ќе го провери авионот.
Авионите на ДЗС биле осигурани и веќе бил повикан и агент на компанијата кој треба да ја процени штетата и да ја исплати со што ќе се покријат и голем дел од трошоците.
Трите “ер трактори” беа набавени пред неколку години, а обуката на пилотите ја спроведуваа шпански инструктори. Авионите и пилотите веќе имаат илјадници часови летање и учествувале во преку стотина мисии за гаснење на пожари ширум државата.

Овој авион додека не се прегледа комплетно нема да биде ставен во употреба.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1