ВИСТИНСКИ УЖАС ПРЕД ПАДОТ НА АВИОНОТ: Ова е последниот разговор на пилотот од „боингот“ на смртта (ВИДЕО)


Во делови од разговорот меѓу пилотот и контролата на летање се слуша дека тие го прашуваат дали временските услови се подобри, на што тој одговара дека има слаба видливост поради облаци.avion fly dubai

На „Јутјуб“ се појави аудиоснимка од црната кутија на авионот „боинг 737“ на компанијата „Флај Дубаи“ од која се слуша дека пилотот непосредно пред падот разговарал со одговорните од контролната кула на аеродромот „Ростов“ на Дон. Во оваа незгода загинаа вкупно 62 луѓе, меѓу кои 7 члена на екипажот и 6 деца.

Тие летале од Дубаи до јужниот дел на Русија, но на нивната дестинација не успеаја да стигнат поради катастрофалната незгода што се случи како резултат на слабата видливост, силниот ветер, но не се исклучува и можноста за грешка на пилотот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1