Владата ке се пресмета со хакерите – формирано национално тело


Владата на Р.М. ја усвои информацијата за потребата од воспоставување национално тело за борба против компјутерските инциденти. Целта, како што информираат од Министерството за информатичко општество и администрација, е обезбедување заштита на јавните информациски системи од хакерски напади.

„За воспоставување на Национален CIRT ќе се формира меѓуресорска група со претставници од различни државни институции, локалната самоуправа и академскиот сектор, со обврска да подготви план со конкретни чекори за воспоставување на вакво национално тело”, изјави министерот Иво Ивановски.

Националното тело ќе се состои од тим составен од IT експерти за безбедност на информациски системи, односно координативна контакт точка која ќе мониторира, идентификува, предупредува и утврдува одговор на компјутерски инциденти.

Националното тело ќе презема проактивни мерки со цел да се делува за да се спречат или ублажат последиците од можните штети, како и реактивни мерки за делување на компјутерските инциденти.

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1