Влатко планирал ПЕСНИШТЕ со Елена Ристеска и Билбилов, сакал да се врати на сцена


Влатко Илиевски си замина толку брзо, толку ненадејно и зад себе остави илјадници опустошени срца, тага, болка и неверување.

Познатите личности се збогуваа со својот пријател, колега и соработник и му порачаа дека се надеваат дека сега е на некое поубаво место.

Eлена Ристеска откри дека планирале да снимат дует .. еве што напиша на фејс ..

Слушам и неможам да верувам, читам и шокирана сум до бескрај… Што да напишам? Што да кажам? Боли кога ќе згасне млад живот, посебно уметничка душа обожавана од сите и од колегите. Знаевме да се скараме, знаеше да се нашали, не бевме најблиски ама се почитувавме. Не ми се верува дека вчера околу ручек ми пиша да направиме дует за “Усни како темно мастило” што требаше да го направиме одамна, а денес веќе го нема! На следната слика ја ставив пораката. Некогаш не разбирам зошто Бог ги зема ваквите луѓе, но верувам дека сега таму кадешто е, посреќен е… Почивај во мир, поздрави го Тоше и татко ми, еден ден таму некаде ќе си пееме и ќе си го испееме и дуетот. 😢😢

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1