ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев ја излажа македонската јавност дека прв го пријавил „Рекет”


Поминаа повеќе од 5 месеци откако Заев се пофали дека прв го пријавил случајот во Јавното обвинителство, но се уште во јавноста не е приложен никаков доказ за пријавата.

Доколку навистина тој прв го пријавил како што неговиот пи ар ја гради приказната тогаш нема да му претставува проблем да ја покаже службената белешка или записник од пријавата.

Според Законот за кривична постапка член 274 став 3 доколку пријавата се поднесува усно за истата се составува записник, а доколку е телефонски се составува службена белешка. Воедно според Законот за јавно обвинителство член 39 во Јавното обвинителство прима пријави, претставки и други поднесоци и изјави од граѓани.

Врз основа на тоа Заев треба да знае и досега требаше да соопшти на кој ден, на кој начин и како го пријавил „Рекет” и да ја покаже службената белешка или записник од пријавата.

Воедно самиот Зоран Заев ја постави за негова црвена линија Катица Јанева во истиот период кога се дозна за Рекетот, што е уште еден доказ дека ја лаже јавноста дека тој прв пријавил.

Вистината е дека Заев не го пријавил „Рекет”, затоа што токму тој е главата на октоподот и на криминално рекетарската банда. Затоа и обвинителството го направи целиот театар со случајот и го развлекува, за да може да се сокријат сите траги кои водат до Заев.

На целата јавност и е јасно дека Катица Јанева и Боки 13 не можеле на тој начин да уценуваат бизнисмени доколку немале поддршка од врвот од власта.

Со Заев и Русковска обвинителство правдата не може да биде задоволена. Граѓаните очекуваат одговори и правда кои ќе дојдат после 12 април кога Заев ќе замине во историјата и ќе започне Обновата на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1