Внимавајте – дете добило алергија на раце од кинески пластелин во Скопје


Дете добило црвенило по рацете, откако си играло неколку часа со кинескиот пластелин купен во една книжарница во Скопје. Лекарите им рекле на родителите дека често има случаи на поблаги кожни алергии, посебно кога се во прашање кинеските играчки.

Детето минало со полесна алергија која по мачкање со маст која им ја препишал лекар, се повлекла, пренесува Утрински Весник. Сепак алерголозите предупредуваат дека кај деца кои се склони кон алергии, реакцијата може да биде бурна, дури и да се добие задушување.

При мешањето на пластелинот се испуштале токсини кои влегувале во организмот преку очите, носот, а најмногу преку кожичката меѓу прстите. Сличен ефект имале и фломастерите, преку испарувањето директно во дишните патишта“,

 Државниот здравствено-санитарен инспекторат за 6 месеци направил анализа само на четири примероци пластелин и сите биле здравствено исправни. „Се контролира секоја пратка што се увезува, но анализа се прави само ако инспекторите оценат и согледаат неправилности со голо око или, пак, нешто не им одговара на мирисот“, објаснуваат за Утрински Весник од Државниот здравствено-санитарен инспекторат.

Внимателно при купувањето на детскиот прибор – MK news истражуваше на оваа тема и долга е листата на токсични материи што може да ги има во школскиот прибор – повеќе информации на што да внимавате во текстот ОВДЕ.

Доколку не сте сигурни дали пластелинот е штетен, еве неколку куси совети – избегнувајте пластелин со јак и непријатен мирис. Доколку остава боја на рацете подобро не му давајте на детето да си игра со него. Доколку забележите црвенило на рачињата на детето обратете се до матичен лекар. Вообичаено нема потреба од покомплицирано лекување или испитување и алергијата лесно се лекува откако ќе се престане со употребата на токсичниот пластелин.

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1