Внимавајте: Осум местa во домот кои се извор на бактерии!


Голем дел од нас несвесно ги игнорираат најпроблематичните делови од домот додека чистат. Следниот пат кога го чистите домот, фокусирајте се на следните места. Тие се најголеми извори на бактерии.

cistenje2

Сунѓерот за миење садови

Сунѓерите и крпите за миење садови се голем извор на повеќе бактерии, меѓу кои и салмонела, Ешерихија коли и стафилококи. Правилниот начин за решавање на проблемот е детално миење на сунѓерот или крпата во топла вода. Освен тоа, секојдевно прскајте ги со средство за дезинфекција и менувајте ги на секои две недели.

Садоперот

Исто како и сунѓерот, садоперот е дом на многу бактерии. Поточно, над 500.000, што е десетпати повеќе од тоалетната шолја. Сите садови кои се во контакт со месо се полни со потенцијални патогени. Потребно е редовно миење на садоперот, посебно по подготовка на месо. Испрскајте го со раствор од 1/4 шолја белило (Варикина) и 1/4 шолја вода. Оставете го растворот да делува 10-на минути и измијте.

Четките за заби

Сите бактерии од устата секојдневно ги пренесуваме и оставаме на четката за заби. Освен тоа, четката честопати ја чуваме блиску во тоалетната шолја. Приборот за миење заби треба да стои во чаша, оддалечен од шолјата. Четката менувајте ја на секои три месеци и секогаш по грип или настинка.

Домаќинските уреди

Далечинскиот управувач и компјутерската тастатура се само едни од уредите кои се дом на бактериите. Повеќето од нас честопати јадат додека менуваат канали или додека седат пред компјутерот, притоа оставајќи маснотии и бактерии. Сите овие уреди треба да се чистат со средство за дезинфекција барем еднаш неделно.

Теписите

Теписите имаат приближно 200.000 бактерии. Најполни со бактерии се оние во дневната соба, кадешто сите поминуваат голем дел од времето. Испрскајте специјално средство за дезинфекција на теписите откако ќе ги исчистите.

Крпите во бањата

За бактериите се доволни 20 минути влажност за да почнат да се размножуваат. Би било добро секој пешкир да стои на посебни држачи, наместо на закачалки поради побрзото сушење.

Паричникот

Женските чанти имаат илјадници бактерии на дното поради навиката на жените да ја спуштаат чантата на подот и на различни места. Освен тоа, паричникот е уште еден предмет кој е нападнат од бактериите поради истата причина. Редовното чистење на овие предмети е задолжително.

Корпата на домашниот миленик

Вашиот домашен миленик ги носи своите бактерии кои ќе ги собере во текот на денот насекаде, па и во корпата. Перете ја корпата еднаш неделно и сушете ја на висока температура.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1