132 пакети хашиш беше запленет на царина во Бугарија.
Според бугарските медиуми ова е најголема заплена на хашиш изминативе 15 години. На граница со Романија, цариниците го запреле камионот и по претрес откриле 4,2 тона хашиш кој наводно требал да заврши на нарко пазарот во Белгија. Бугарија која во 2007 година влезе во Европската унија е една од главните крстосници за криумчарење на дрога која се превезува до другите западни земји.