Во драчевската гимназија „Браќа Миладиновци“ денеска се одржа настава со скратени часови, пишува прес24.
Неколку родители на ученици во оваа гимназија вознемирани се јавиле во редакцијата на Пресс24 зашто на нивните деца им било кажано дека наставата е скратена зашто денеска ќе дојде до крај на светот. Не посочиле конкретен професор но тврдеа дека децата биле уверувани дека денеска им е последниот ден. Неизвесно е дали тоа уверување воопшто дошло од некој од професорите или од нивни соученици.
Пресс24 дознава дека часовите се скратени но причина за тоа е утрешната прослава во училиштето за што бил известен и Градот Скопје. Тврдат дека ниту еден професор не манипулирал со учениците и не ги заплашувал со крајот на светот.
Паниката на дел од учениците ја припишуваат на информациите објавени на интернет или на шпекулации кои лесно се шират меѓу тинејџерите.