Во Драчево скратени часови поради крајот на светот?


Во драчевската гимназија „Браќа Миладиновци“ денеска се одржа настава со скратени часови, пишува прес24.

dracevo skoloНеколку родители на ученици во оваа гимназија вознемирани се јавиле во редакцијата на Пресс24 зашто на нивните деца им било кажано дека наставата е скратена зашто денеска ќе дојде до крај на светот. Не посочиле конкретен професор но тврдеа дека децата биле уверувани дека денеска им е последниот ден. Неизвесно е дали тоа уверување воопшто дошло од некој од професорите или од нивни соученици.

Пресс24 дознава дека часовите се скратени но причина за тоа е утрешната прослава во училиштето за што бил известен и Градот Скопје. Тврдат дека ниту еден професор не манипулирал со учениците и не ги заплашувал со крајот на светот.

Паниката на дел од учениците ја припишуваат на информациите објавени на интернет или на шпекулации кои лесно се шират меѓу тинејџерите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1