Во двор од црква пронајден скелет од вампир


Археолозите во Бугарија меѓу 600 типични гробови во црква во градот Созопол, откриле неколку скелети кои добиле „посебен третман“. Еден од скелетите, пронајден во градот кој се наоѓа на крајбрежјето од Црното Море, на левата страна од градниот кош имал колец, додека другиот во својот стомачен предел имал неидентификуван метален предмет.

Археологот Димитар Недвев смета дека овие костури покажуваат оти локалното свештенство тогаш мислело дека има работа со вампири.

Скелетите се пронајдени на наоѓалиште каде во 17 век имало две цркви. Недвев изјавил дека е утврдено оти скелетите потекнуваат од 14 век, но за сега се уште не се знае за што точно станува збор.

 

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1