Во игра две опции за северот на Косово


Идејата да Србите на северот на Косово, кои одбиваат да се интегрираат во косовскиот систем, да им се понуди локална самоуправа, додека за безбедноста да се грижат безбедносните структури на ЕУЛЕКС и КФОР, е новата идеја со која што би можела да настапи Европската заедница како би го решила прашањето со Косово.


На жителите на северниот дел од Косово би им се понудиле и вредни економски пакети кои што би требало да ги интегрира во институционалниот живот на Косово.

Еден од плановите го подготвила Кетрин Ештон од канцеларијата на високите претставници на ЕУ, со кое би се регулирало прашањето околу северот на Косово и поддршката за Србите кои треба да се поврзат со косовските институции.

Другиот план се состои од седум точки кои германската дипломатија им ги претстави како услов на Србија, доколку сака да ги отпочне преговорите со ЕУ, а кои се однесуваат на укинување на институциите на локалната самоуправа на северот на Косово и потпишување на договор со косовските влади, договор кој нема да биде признание на Косово, туку Србија ќе гарантира дека нема да го попречува Косово во позиционирањето на меѓународниот легитимитет.

Tags: ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1