Турција сака ново Османлиско царство (Видео)


Сирискиот претседател Башар ел Асад во интервју за египетски весник даде интервју во кое истакна дека нивниот амбициозен сосед, Турција сонува за ново Отоманско царство.

Асад жестоко удри на Турција, држава која што можеби најмногу работи на подгревањето на сирискиот конфликт, поддржувајќи ја политичката, логистичката и секоја друга поддршка на наоружените терористи, кои преку турската граница влегуваат во Сирија.
Тој додаде дека Турција не е загрижена за интересите на сопствениот народ и дека се фокусирани само на сопствените амбиции кои вклучуваат ново Отоманско царство.

Турција ги има отворено границите и аеродромите за терористите кои пристигнуваат во Сирија, со што Турција на голема врата ги крши меѓународните закони.
Покрај Турција тој го обвини и Катар, кој што како што вели заедно со западните земји испраќа оружје и пари до терористите со цел да се повтори либиското сценарио.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1