Во манастирот Прохор Пчински се брише историјата за Македониjа


Манастирот Прохор Пчински – место на вера, на историја, кое на моменти иако наликува како да му избегало на времето од рака, за миг може да ве врати во суровата реалност на негирање на еден историски факт за македонскиот народ – одржувањето на Првото заседание на АСНОМ. И од место каде се испреплетуваат времињата, каде небото се чини како единствен сведок на вистината, манастирот во себе го крие и горчливото чувство на неправдата кон македонска нација.

prohor pcinjskiОваа година освен камерата на Алфа телевизија во манастирот Прохор Пчински немаше други посетители по повод македонскиот национален празник Илинден. Ние бевме неочекуваните посетители. И лично врањаскиот владика Пахомие потврди дека не очекувале гости како нас на овој ден.

Сепак камерата на Алфа телевизија успеа, без знаење на свештените лица, да го сними манастирот и зад неговата влезна порта.

Свештените лица велат дека веќе ја нема спомен собата на АСНОМ, која наводно изгорела во пожарот кој зафати дел од манастирскиот комплекс во јануари. Игуменијата пак на манастирот тврди дека АСНОМ воопшто не е одржан во манастирот туку во некоја воденица во негова близина.

И додека од манстриот Прохор Пчински се брише историјата, Пелинце ги пишува своите страници од неа. Меѓу нив е и реконструираната спомен собата на заседанието на АСНОМ, каде за  2 Август 1944 во манастирот Прохор Пчински сведочат фотографите, како и документите со кои се прогласува формирањето на македонската држава.

Целата ВИДЕО сторија на – АЛФА

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1