Во Рашче на свадба испукани 23 куршуми – рафално


Вчера на семејна прослава во на влезот од селото Рашче-скопско околу 17 часот,  19 годишен жител на Рашче, од пиштол марка „М-57“ кал.7,62 мм пукал во воздух и тоа неколкупати.

Полицајци од Ѓ.Петров реагирале и го привеле лицето. Откриено е и дека пиштолот го поседувал без одобрение. Извршен е увид на местото и пронајдени се вкупно 23 испукани чаури. Дадени се на вештачење.

Во близина на лице место затекнат е  и Н.Х. (64) од с.Рашче, кој истиот ден го нарушил ЈРМ со пукање од огнено оружје  пиштол марка „Зброевка“ кал.7,65 мм, кое го поседувал со дозвола. ПС-Ѓорче Петров превзема мерки за расчистување на случајот.

Веќе е јавна тајна дека на албанските свадби се пука и тоа на големо. Истрелите не се реткост ниту во градот. Во населбите Нерези, Чаир, Бутел, Бит Пазар не ретко се случаат истрели од огнено оружје за време на свадбените прослави.

Share Button

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1