Во сабота журка цела ноќ – Бела ноќ во Скопје


По шети пат манифестацијата „Бела ноќ“ во Скопје. На 6 октомври, Сабота се ќе работи цела ноќ. Кафулиња, ресторани, а низ целиот град ќе се одржуваат перформанси на неколку локации.

Најавени се концерти, танчери, жонглери, акробации низ најфреквентите скопски улици.

Настанот ќе се одвива на повеќе локации: библиотеката „Браќа Миладиновци“, Културно информативен центар, Домот на култура „Кочо Рацин“, Младински културен центар, Музеј на град Скопје, Универзална сала, Зоолошка градина, Детски културен центар „Карпош“, плоштад „Македонија“, Старата скопска чаршија, Градски и на други места.

Мотото на бела ноќ пред МКЦ оваа година е ,,Скопје у 1990 – те ,, – Ве потсетуваме на омилениот бенд. На она кога ќе те раздени у град. На другарството. На слободата. На градот кој веќе го нема “ стои во најавата на овој настан.

Од 22 часот е најавен диџеј сет со видео проекции на Фрешко и Миз Јана, насловен „Video kill the radio“.
На полноќ е музичкиот перформанс „Свирка ко некад у 90-ти“ со  Сино, Џоле, Владич и Ади со другарите чиј репертоар ќе се состои од теми од познати светски и домашни изведувачи како „Санс“, „Депеш мод“, „Чиста околина“, „Стрингс форсис“, „Дјуран дјуран“, „Ласт експедишн“, „Мозаик“ „Фаит ноу мор“, „Архангел, „Продиџи“, „Далтонс“, „Соник јут“.
По два часот по полноќ па се до раните утрински часови следи диџеј сет на Мирко Попов, насловен „I can’t remember 90’s“.
Целиот настан ќе е збогатен со изложба на македонски музички изданија од 1990-те во организација на „Максимум рокенрол шоп“, како и внимателно прелистување на култните броеви на магазинот „Тротоар“.

Share Button

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1