Во Скопје прогласена епидемија на сипаници


Центарот за јавно здравје Скопје прогласи епидемија на морбили за територијата на град Скопје. од 6-ти јануари до сега, лабораториски се потврдени 25 случаи на морбили, односно мали сипаници. Од нив, последните осум случаи биле епидемиолошки поврзани.

SIPANICI MORBILIВо 4-5 семејства има по неколку заболени  главно невакцинирани.  Само еден од нив е вакциниран со цела доза и еден со половина. Затоа, кај сите во семејствата што не биле вакцинирани  е извршена вакцинација и кај возрасните и кај децата. Половина од заболените се возрасни, а  другите се деца до 4 годишна возраст. Повеќето се од селата околу Скопје.

22 од заболените се хоспитализирани.

Здравствените власти апелираат до родителите чии деца не се вакцинирани, да ги вакцинираат, бидејќи 50 отсто од заболените се деца под 4-годишна возраст.

Се манифестира како грип или настинка со висока тѕемпература,грозница, а по период на инкубација околу една недела се јавува осип по целото тело. Возрасните  потешко ги прележуваат, а може да има и посериозни последици.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1