По нападот на малолетната Наташа Р. (15), во кој еден непознат маж покрај една пекара на периферијата Лазаревац ја гризнал за скочниот зглоб, меѓу жителите на ова место настанала голема паника.
Мотивите засега се непознати, а според изјавата на младата девојка нападот се случил некаде околу 22 часот додека минувала низ пекарата. Наводно во тој момент покрај неа минал еден непознат дечко кој без никаква причина силно ја гризнал за зглобот. Уплашената девојка некако се отргнала од него и веднаш се упатила во најблиската болница. Веднаш и била пружена прва помош.
Гризот бил видлив, но за среќа не дошло до откинување на ткивото. Полицијата за осомничен најпрвин го посочила Џорџе Станојевиќ, пациент од затворската болница, но потоа се укажало дека за време на нападот, Станојевиќ бил во болницата под контрола на лекарите. Потоа се утврдило дека напаѓачот всушност било едно момче од Краљево, кое синоќа дошло во Лазаревац на журка. „Истиот е идентификуван и прашање е само на време кога полицијата ќе го уапси“, изјавил неименуван извор од полицијата.
Граѓаните воглавно сметаат дека нападите се последица на користење на наркотични средства. Уплашените граѓани говорат за тоа дека во градот стигнала некој нов вид на дрога, кој лесно може да се направи со супстанца која што се наоѓа во солта за бањање, а која што кај корисниците предизвикува желба за канибализам.