Во Струга киднапиран телохранителот на Зијадин Села? Семејството моли за помош


Исчезна 27 годишниот Уран Купа, од струшкото село Велешта, кој бил задолжен да го чува грбот на градоначалник Зеадин Села, од почетокот на неговиот мандат. Како вработен во општината, се грижел и за безбедноста на локалната самоуправа. Младиот Купа последен пат е виден пред два дена во Струга во вечерните часови, откако претходно излегол од дома, кажувајќи им на најблиските дека оди на прошетка. Градоначалникот се сомнева дека првиот човек кој се брижел за неговата сигурност, е киднапиран.Тврди дека исченатиот бил одговорен и дека со никого немал расправија а не примал ни закани, пренесува Алфаuran kupa

– На 6-ти ноќта последен пат Уран Купа е виден во Струга околу 19 часот.Начинот како е изведен и немајќи ни една трага е доказ дека е направено од луѓе кои се професионалци, изјави струшкиот градоначалник Села.

Критичната ноќ околу полноќ таткото на Купа го барал на неговиот мобилен телефон, но тој не се јавувал, но им испратил смс порака да не му се јавуваат оти бил со луѓе. Бидејќи ваквото однесување не му наликувало,загрижени од неговото семејство исченувањето го пријавиле во полцијата еден час по полноќ.Од полицијата бараат да им кажат каде е Уран? Сметаат дека поседуваат некакви информации бидејќи вечерта кога на исчезнатитот му се губи трага ,наводно полицајци од други градови застанувале автомобили и ги легитимирале возачите.

– Ваков начин на исчезнување на граѓани на Струга нема да се толерира повеќе ова не е прв пат во Струга да се случуваат вакви работи, вели Села.

Во интерес на истрагата полицијата не соопштува  детали за случајот.Инаку вчера срд бел ден 30 годишен скопјанец бил нападнат и претепани од неколку непознати лица на регионалниот пат Охрид – Струга. Напаѓачите потоа под присила го внеле мажот во автомобил и се упатиле кон Струга.И за овој случај не се откриваат детали.

Неговото семејство упати апел

Апелираме до сите граѓани кои ќе ја читаат оваа порака за да ни помогнат во пронаоѓањето на лицето, Уран Купа во возраст 27 години, од село Велешта, Струга, за кого немаме никаква информација каде може да биде. Лицето е исчезнат од 6 Февруари, а последен контакт со фамилијата ја имал околу 19 часот истиот ден.

Последен пат е виден во град Струга

Апелираме до сите граѓани, кои можат да имаат информации во врска со исчезнувањето на лицето да се јаваат на телефонскиот број 072-747-400 или во најблиската полициска станица (192).

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1