Во вторник, на 26 месецов, на седница на Влада ќе се избираат новите директори на Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање, потврди за Алфа владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Предлозите за двете функционерски места во полицијата се на предлог на министерот за внатрешни работи Митко Чавков, и се до нивниот официјален избор не се откриваат.
Смените на двете клучни директорски позиции во МВР, доаѓаат откако од позицијата министер за внатрешни работи и директор на УБК се повлекоа Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков.
Наследник на Јанкулоска е Митко Чавков кој на позицијата министер дојде од позиција прв човек на БЈБ.