Војната почна – Израел освен што ја бомбардира, прати и војската по копно во Газа


Израелски борбени авиони вечерва нападнаа цели низ целата територија на појасот Газа, изведувајќи речиси 25 напади во брза серија, пренесоа британските медиуми, цитирајќи очевидци.


Бомбардерите ја растресоа земјата и направија огнени вители кон небото.
Авионите беа пресретнати од палестински ракети, истрелани од предградијата на Газа во правец на јужен Израел.

Од почетокот на израелската операција „Столб на одбраната“ загинаа осуммина Палестинци и тројца Израелци, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на палестински и израелски извори.

Претходно вечерва Израел почна да ја придвижува армијата кон границата со Газа и нареди да се мобилизираат 30.000 резервисти за евентуална копнена операција против палестинската енклава, пренесоа американсиките медиуми.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1