Секој пат кога ќе го посетите Фејбук или со пријателите ќе споделите некоја фотографија, сите информации – од шифрите кои ги впишувате па се до фотографиите кои ги објавувате завршуваат во градба долга 400 метри, која се наоѓа на површина од околу 100.000 квадратни метри која се наоѓа во Форест Сити во Северна Каролина.

Овде се сместени повеќе од 100.000 сервери. Секој од нив има доволно голема моќ да покрене една мала компанија. Центарот во Форест Сити користи енергија која е доволна за потребите на 1000 домаќинства. Доколку има прекин на електричната енергија, Фејсбук може да се потпре на 14 огромни генератори.
Причините поради кои центарот на Фејсбук се наоѓа во Форест Сити се ниската сена на електричната енергија и помошта што ја добиваат од Северна Каролина и округот Ратерфорд. Фејсбук во моментов гради уште еден центар на иста локација. Со милијарди корисници, на Фејсбук му е потребен постојан раст.