Вонредна состојба: Гори Света Гора, пожарот се доближи до Хиландар


Света Гора веќе трет ден е во пламен. Големиот пожар дојде на три километри оддалеченост од  Хиландар и грчкиот премиер, Антонис Самарас,  прогласи вонредна состојба.

Ветерот го промени правецот и дува кон манастирот Хиландар.

Српските пожарникари им се придружија на грчките утринава и сеуште се на терен, обидувајќи се да ги изгаснат пламените јазици.

Според српските медиуми, манастирот не е загрозен, но ситуацијата може да се промени во секој момент. До сега на Света Гора изгореа 1.500 хектари шума и лозници.

„Пожарот во моментов е на околу три километри од манастирот Хиландар. Ги насочивме сите сили пожарот да не дојде до манастирот“, изјави Драган Дончевски, од Секторот на вонредна состојба при српското министерство за внатрешни работи (МУП).

Според изјавите на Дончевски, гасењето на огнената стихија најверојатно ќе трае во текот на ноќта и во утринските часови, но тој додаде дека не може да се претпостави кога точно пожарот ќе стивне.

Според последните информации, надлежните имаат сознанија дека пожарот е подметнат, но нема повеќе детали.

Tags: , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1