Вонземјани го натерале да ја ограби мајка му и да дели на бездомниците!?!


Џон Мајкл Кирби кој има 29 години и живее од Тисајд, тврди дека ја ограбил мајка си,  затоа што добил наредба од вонземјани.

Тој на полицијата и тврдел дека вонземјани му рекле дека треба храната да ја дели на бездомниците.

Само една недела пред да ја ограби куќата на мајка му, Кирби го “олеснил“ и вујко му. Од куќите земал храна  и козметика. Вујко му вели дека во јуни му позајмил пари на Џон, оти му било жал дека нема како да си ги плати сметките.

Кога Џон ја ограбувал куќата на мајка му, бил невнимателен и оставил отисоци. Мајка му и вујко му изјавиле дека на Џон, ова не му е првпат да краде.

„ Не краде за да купува дрога. Тој изјави дека краде по налог на вонземјани кои го натерале да краде и да им дава на бездомниците“, стои во извештојот на Судот во Тисајд.

Кирби ги призна делата и одби адвокат. затоа што сакал сам да се застапува на суд. На Џон му се заканува казна затвор од една година.

Tags: , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1