Воспаление на увото кај доенчиња


И бебињата може да страдаат од воспаление на уво. Додека се мали таквите воспаленија начејесто се акутни и тоа на средното уво.

Мајките ќе го препознаат воспалените по тоа што бебето е вознемирено има покачена температура, се држи и го влече увото, го прекунува цицањето и одеднаш плаче, му тече носето, а може да се појави и дијареа како неспецифичен вегетативен симптом.

Овој проблем денес – кога постои широк спектар на антибиотици, не е опасен доколку  се открие навреме и соодветно се лекува, во спротивно, запалението на увото може да се заврши со сериозни последици.

Гнојот од средното уво лесно може да доведе до менингитис или токсични ефекти кои ќе му наштетат на ушниот нерв. Тапанчето може да биде перфорира, а  честите инфекции на увото може да доведат до сериозни промени во ушното тапанчето и средното уво, па детето да остане со трајно оштетен слух.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1