Страшна несреќа видендов ја потресе македонската јавност. Во 14 часот и 50 минути на патот Прилеп-Градско, пред крстосницата за селото Дреново, се случи сообраќајка во која Форд Фиеста со велешка регистрација со која управувал 42-годишниот С.Д. од Демир Капија, изгубила контрола, удрила во брегот од десната страна и се превртела.
За жал, на лице место починало пет годишно детенце, сопатник во возилото, додека со тешки повреди се здобил самиот возач, 67-годишната М.Д. која била во автомобилот, како и 67-годишниот И.Д. на кој веднаш му била пружена помош од страна на Итната медицинска помош која веднаш дошла на местото на несреќата.