Салопек е егзекутиран поради учество на Хрватска во војната против ИД, а убиен е откако истече рокот од 48 часа, кој го доби египетската Владата за ослободување на затворениците.
Ова е пораката која е објавена на Твитер профил.
Официјална информација на Министерството за надворешни работи се уште нема.
Томислав Салопек беше киднапиран на 22 јули, наутро додека со службен автомобил патувал на работа до француската компанија за која работел. Неговиот автомобил бил пресретнат од вооружена група и од тогаш му се губи траг!