Маж на старост од 70 години им подлегна на повредите на пат за болница откако бил прободен од бик. Несреќата се случила за време на фестивалот во португалското село Моита кога група мажи го провоцирала бикот.
Бикот трчал наоколу, во еден момент го стигнал старецот и му ги зарил роговите првин во грбот, а потоа и во стомакот.
Дури тогаш бикот го забележал црвеното знаме со кое се обидуваа да му го свртат вниманието. За несреќниот човек беше доцна.
НАПОМЕНА: Видеото е со вознемирувачки карактер.