Врие во уште 3 украински града – Путин испраќа војска – бараат да го повлече амбасадорот од САД


Во неколку украински градови, вклучувајќи ја и престолнината на Крим, Симферопољ, денеска се оддржуваат митинзи против новата украинска власт, пренесоа светските агенции.

Горниот дом на рускиот парламент го прифати барањето на претседателот Владимир Путин за испраќање воени трупи на територијата на Украина. Кличко бара „национална мобилизација“ поради руската агресија.

Сенатот на Русија бара од Путин да го повлече амбасадорот од Вашинготн поради дрскиот говор на Обама и неговата администрација против Русија, кој за нив е рамно на закана кон Русија.

putin vojskaАмериканскиот претседател Барак Обама синоќа изјави дека Русија ќе ја плати цената во случај на било каква воена интервенција во Украина.
„ Многу сме загрижени за военото движење од страна на Руската федерација во Украина. На само неколку дена откако завршија Олимписките игри во Сочи, тоа би резултиралчо со осуда од земјите во светот. Секако, Америка ќе остане со меѓународната заедница за да ги подмири настанатите трошоци за секоја воена интервенција во Украина.“ – изјави Обама.
Руските сенатори сметаат дека со оваа изјава Обама го навредил рускиот народ, и дека ја минал црвената линија. Бараат отповикување на рускиот амбасадор од САД, поради, според нив, провокативниот говор на американскиот претседател.

ukrajina_1393423222_670x0Во Доњецк, над зградата на обласната управа, беше кренато руското знаме, соопшти ИТАР-ТАСС. Француските медиуми,пак, наведуваат дека во демонстрациите учествуваат над 10.000 лица, кои скандираат „Русија!“, а од импровизираната бина говорниците изјавуваат дека го поддржуваат стремежот на Крим повторно да се приклучи кон Русија.

Во Харков „за заштита на градот и на целиот југоисток на Украина“ демонстрираат околу 5.000 лица. Градоначалникот на Харков, Генадиј Кернес, повика да не се создава тензија и посочи дека градот не се стреми кон сепаратизам, туку сака новата власт во Киев да се сообрази со мислењето на југоисточниот дел на земјата. Митингот минува во мирна атмосфера.

Во Симферопољ околу 150 лица се собраа на плоштадот „Ленин“, пред зградата на Владата, каде има заседание на кабинетот. Тие скандираат „Русија!“ и развиорија и руски знамиња.

Во Севастопољ, каде е базата на руската Црноморска флота, исто така, се подготвува голем проруски митинг. На плоштадот „Нахимов“ веќе се собрани над 2.000 лица, од кои многумина со руски знамиња во рацете. Во исто време во други делови на градот се формираат единици за самоодбрана, кои тврдат дека се загрижени од пристигнувањето на провокатори од западните делови на Украина.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1