Според информациите загрозени биле околу половина милион емаил сандачиња на корисници на Јаху.
Хакери познати како Д33Д Компани, ја преземале одговорноста за нападот дури на својот сајт објавиле и 453.000 кориснички имиња и пораки
Интернет порталот „Мешејбл“ пак денеска објави дека освен емаил сандачињата и Yahoo Voice Service бил мета на хакерски напад и ги предупреди корисниците да ги променат своите лозинки. Yahoo се уште нема официјален коментар за нападот, но изјавиле дека е започната истрага.