За 1000 евра жена – Албански невести сега се нудат и преку Фејсбук


Посредниците гарантираат дека за провизија од 1000 евра за само една недела можат ги оженат ергените кои со години се мачат да најдат невест, пишува весникот Вечер.

deadbride25n-1-webНевестите од Албанија стануваат се популарни во селата низ нашата земја каде што ергените мака мачеа да ги убедат Македонките да се омажат за нив. Па така, додека Македонките бегаат во градовите за да живеат посовремен живот барајќи прилика да се омажат за некој, бизнисот со албанските невести цвета. Последната новина ни доаѓа од популарната друштвена мрежа Фејсбук, на којашто се отвораат многу профили за брачно посредување, пишува Вечер.

Ако имате озбилни намери да се жените и да стапите во брак, а времето поминува многу бргу, ние гарантираме дека веднаш ќе го решиме проблемот и ќе ви пронајдеме сопруга најкасно во рок од една недела, посредуваме со гаранција 100 отсто успешност, девојките се над 18 години и со целосно одобрување на нивните родители”, стои во описот на еден ваков профил.

Заинтересиран ерген, кој контактирал со профил за брачно посредување на Фејсбук, раскажува дека за 1200 евра му била понудена девојка од Албанија која со сигурност ќе прифати да се омажи за него.

– Вртејќи по Фејсбук, видов неколку профили за брачно посредување. Сакав да си ја испробам среќата, бидејќи како што живеам на село, се потешко ми оди убедувањето на девојките. Сите сакаат да живеат во град, да имаат модерен живот, да не се мачат, но што да правиме ние. Со администраторот на профилот разменивме неколку пораки и така сфатив дека ако сакам да станам албански зет, прво треба да соберам пари, вели Кирил П. За Вечер.

maticno nevestaТој добил одговор дека едно одење до Албанија ќе го чини 200 евра, а таму ќе може да си избере невеста од неколкуте девојки кои ќе му бидат понудени. Најчесто, за бендисување невеста се одело за викенд. Откако работата ќе биде успешно завршена, се плаќала провизијата од околу 1000 евра. Својата приказна Кирил ја потврди и со разговорот кој ни го испрати.

За да им најдат девојки на се поголемиот број селски ергени, неколку општини засегнати од овој проблем, како што е општината Новаци, самите нудат да ги покријат трошоците за пат до Албанија на ергените кои одат по невеста. Речиси сите мажи кои донеле невести од таму велат дека се среќни, бидејќи добиле наследници. Во некои од селата за прв пат по многу години се слушнало и училишното ѕвонче.

ВЕЧЕР интегрално го објавува разговор со брачниот посредник на интернет

Има ли шанси да ме одбие некоја оти сум без коса?!

К: Здраво, јас сам од Звегор, делчевско село, интересира ме дали стварно посредувате или само така ви е страната? Ја имам 38 години и сакам да питам дали само од Албанија се невестите и колку ќе ме чини целата постапка, треба ле да ода до Албанија или она ќе дојде?

facebook-single-women-490x324БП: Фала, Кирил, навистина посредуваме. Се е како што е напишано. Искрени сме и озбилни и исклучиво за брак, законски и регуларно и со знаење на родителите на девојките. Девојките се само од Албанија, се оди во Албанија со наша кола, таму ќе погледнеш неколку девојки. Ќе одбереш една и потоа веднаш одиме кај нејзините родители да закажеме термин за да се земе невестата. Плаќаш трошкови првиот пат, а вториот пат плаќаш провизија, гаранција 100% дека ќе ти завршиме работа.
Трошковите изнесуваат 200 евра и ги плаќаш првиот пат. Во нив ти е влезено се за две одења во Албанија, а вториот пат плаќаш провизија, која просечно се движи околу 1000 евра, ретко повеќе, често помалку.
Друго прашање?

К: Ако провизијата е 1000 евра, значи ли дека ќе треба уште да плата

БП: Не, немаш други трошкови, сето јас го плаќам од таа провизија, се што треба таму во Албанија. Инаку девојките се православни христијанки и ги има на секаква возраст.

Internet-Wedding-Marriage-Rings-300x152К: А дали нешто на нејзините треба да им се плати во Албанија?
БП: Не, кажав дека се јас плаќам, твоја работа е да си ја земеш невестата, е сега ако сакаш да и купиш прстен или нешто друго, тоа си е ваша работа, исто како кај нас, но немаш никакви трошкови за плаќање.

К: А има ли шанси да ме одбие некоја дека сум без коса, се случуваат ли и таквија работи?
БП: Не, многу ретко. Ние ќе ти покажеме ако треба и повеќе жени, ти гарантираме дека ќе бидеш задоволен од жената што ќе ја одбереш, за тоа гарантираме.

К: Кои денови се оди во Албанија да знам заради работата?
БП: Најчесто сабота и недела, но може и друг ден, по желба. Еве сега јас ќе одам сабота, па повели дојди со мене.
К: Добро фала, да размисла, па ќе ви пишам.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1