За влез во Плаошник се плаќа 100 денари


Туристичките водичи од Охрид реагираат на воведувањето наплата на влез во црквата Св. Климент и Св. Пантелејмон на Плаошник. Од вчера за влез таму се плаќа 100 денари, јавува локалниот портал „Охридњуз“.

plaosnik1-Никаде не се наплаќа влез во жива црква, освен ако не се работи за заштитен споменик на културата или доколку во неа има вредни музејски експонати – велат туристичките водичи за порталот.

На Плаошник во тек се градежни работи за возобновување на Св. Климентовиот универзитет.

Туристичките водичи посочуват дека наплатата на влез на Плаошник им предизвикува непријатности, затоа што е воведена без најава кога туристичката сезона е веќе почната. Во Охрид години влез се наплаќа во катедралната црква Св. Софија, Св. Јован Канео и Св. Богородица Перивлепта.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1