На дното на кинеското езеро Киандао, веќе половина век, речиси заборавен лежи еден кинески град
Локалните власти по половина век, одлучиле да го извлечат Градот на лавовите од заборавот и да го претворат во туристички рај. Дошле до идеја, на туристите кои сакаат да нуркаат да им овозможат незаборавно доживување низ подводното разгледување на потопениот град.
„Штом нурнавме, наидовме на надворешниот ѕид од градот. Како да е заробен во временска капсула, овој град е едноставно недопрен”, велат надлежните на експедицијата.
Во видеото погледнете како изгледа подводната “кинеска Атлантида”.