Задолжителна употреба на детско седиште во автомобилите


Со новиот Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата се направија сериозни измени во насока на заштита на децата во сообраќајот.dete sediste

Имено, Законот вели дека патнички автомобил на задното седиште, смее да се превезува дете помало од 5 години, во поставено специјално детско седиште, кое за седиштето од возилото е прицврстено со сигурносен појас или на друг соодветен начин.

На совозачкото седиште дозволено е да се превезува бебе- дете помало од 2 години, под услов ако возилото нема заштитно воздушно перниче, ако воздушното заштитно перниче е исклучено и ако детето е во посебно детско седиште поставено спротивно од правецот на движење на возилото.

Непочитување на оваа одредба од законот ќе ве чини 35 евра во денарска противвредност, или 15 негативни поени.

Ова е исклучително важна одредба, која сериозно ќе влијае во подигнување на безбедноста на децата во сообраќајот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1