Заев: Подготвен сум заедно со Груевски да дадам оставка за да се врати слободата во Македонија


Подготвен сум не само на оставка, туку на сè што треба за да ги вратиме возвишените вредности во 21 век во нашата земја. И на оставка и на сè друго, на сè друго што треба, одговори претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју со Борјан Јовановски на Новатв на прашањето дали е спремен во даден момент на Никола Груевски да му предложи заедно да дадат оставки од функциите.zaev

„Јас не се плашам од ништо. Не водам борба за власт. Народот одлучува кој ќе биде власт. Битката што ја предводам и, фала му на господ, во која се приклучува ова огромно мнозинство народ, е битка за враќање на слободата, демократијата и европските вредности во Македонија“, вели претседателот на СДСМ.

„Водам процес што никаде во светот не се водел вака, ниту слично. За да имате решителност да водите ваков процес, прво треба да бидете со чиста мисла, со чиста совест и со чисто минато. Јас сум 10 години градоначалник, контроли и контроли се истуриле во Струмица. Фирмите на Заеви книга може да пишат низ што поминале. За да водите процес што се вика ‘Вистината за Македонија’ не може да имате црно петно зад себе“, вели Заев

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1