Едно 24 годишно дете загинало, обидувајќи се да спречи самоубиство на друго 19 годично момче. Момчето сакало да скокне од студентски дом во Хаваите. Хавајската полиција соопштила дека двете момчиња паднале од зградата,пренесува први.мк
24 годишното момче се обидувало да го тргне од прозорецот, од каде што сакало да скокне 19 годишното, но се слизнале и паднале и двајцата. Веднаш двајцата биле пренесени во болница и биле со тешки повреди. 24 годишното момче им подлегнало на повредите, а помладото се уште е во тешка состојба.
И двете момчиња не биле студенти на универзитетот на Хаваите, тие биле дојдени на гости кај некој од малкуте студенти кои престојувале во домот и помеѓу семестрите.
За време на школската година во овој дом живеат околу 600 студенти.